• петок, 05 јули 2024

Реал подготвува досега невидено шоу за промоцијата на Мбапе

Реал подготвува досега невидено шоу за промоцијата на Мбапе

Мадрид, 4 јули 2024 (МИА) - Само неколку дена по завршувањето на Европското фудбалско првенство 2024 во Германија, челниците на Реал Мадрид планираат официјално да го претстават Килијан Мбапе, најголемото засилување летово, кој пристигна како слободен играч од ПСЖ.

Настапот е закажан за 16 јули на Сантијаго Бернабеу во 19 часот, а се очекува да бидат продадени сите 80.000 билети. Планирано е да се постави патека по која Мбапе ќе пристигне од соблекувалната до сцената, која ќе има и огнени ефекти.

Планирани се изведби на групи, огномет и се да биде овековечено со панорамски камери од 360 степени за да се доловат најдобрите кадри, пишува „Труд“. 

Реал сака ова да биде ново ниво на перформанси, шоу досега невидено за ниту еден фудбалер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан