• понеделник, 25 ноември 2024

Познати 14 од 20 возачи во Формула 1 за сезоната 2025

Познати 14 од 20 возачи во Формула 1 за сезоната 2025

Лондон, 4 јули 2024 (МИА) - Повеќе од половина од Формула 1 возачите за 2025 година се познати. Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој беше поврзуван со преселба во Мерцедес, одлучи да остане во Астон Мартин и ќе му биде тимски колега на Ленс Строл. 

Нико Хулкенберг ќе го напушти Хас и ќе се приклучи на Заубер (од 2026 година - Ауди), додека Алекс Албон, Серхио Перез Јуки Цунода и Пјер Гасли ги задржаа своите места во тимови.

Јуниорот на Ферари, Оливер Берман, ќе му се приклучи на Хас.

Состави на тимови за сезоната 2025 година:

Ред Бул: Макс Верстапен (договор до крајот на 2028), Серхио Перез (2026)

Мерцедес: Џорџ Расел (2025)

Ферари: Шарл Леклер (2026), Луис Хамилтон (2026)

Мекларен: Ландо Норис (2026), Оскар Пјастри (2026)

Астон Мартин: Фернандо Алонсо (2026), Ленс Строл (2026)

Алпин: Пјер Гасли (2026)

Вилијамс: Алекс Албон (2026, минимум)

РБ: Јуки Цунода (2025)

Заубер: Нико Хулкенберг (2026)

Хас: Оливер Берман (2026). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан