• петок, 22 ноември 2024

Работна средба на градоначалникот на Општина Илинден со амбасадорот на Бугарија

Работна средба на градоначалникот на Општина Илинден со амбасадорот на Бугарија

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

На средбата, како што е наведено во соопштението од општинската прес-служба, се разговараше за идна соработка и реализација на проекти во делот на социјалната заштита во општина Илинден. Исто така беа разменети и позитивните искуства применети во општините на Република Бугарија.

-На работната средба беше договорено да се продлабочи соработката, да се работи посветено и со силен интензитет во насока на подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните, се додава во соопштението. дма/

Фото:  Општина Илинден

Остани поврзан