• понеделник, 29 април 2024

Работилница за квалитетно грозје и вино во Кавадарци

Работилница за квалитетно грозје и вино во Кавадарци

Кавадарци, 29 март 2024 (МИА) - „Од производство на квалитетно грозје до производство на квалитетно вино", е насловена работилницата за винопроизводители, што ќе се реализира од денеска до недела во Кавадарци, во организација на Здружението ,,Винотек", со седиште во овој град. 

- На агендата се неколку предавања од страна на стручни лица. Напредно лозарско производство и создавање на препознатливост на сортата и регионот, критични и контролни точки во технологија на производство на вино, зреење на виното,  заштита на земјоделски производи и простории за преработка на земјоделски производи, појаснија организаторите. 

На работилницата ќе учествуваат претставници на мали винарии и индивидуални производители на вино. 

Од Здружението што се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам, нагласија дека настанот е само уште еден во низата, што значат презентација на македонската винска култура и традиција. свд/са/

Фото: Лого на Здружението 

Остани поврзан