Путин се фокусира на миграцијата за да ја дестабилизира Финска, нагласи Фон дер Лајен
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Русија сега ги фокусира своите хибридни напади врз соседна Финска, користејќи мигранти за да се обиде да ја дестабилизира таа држава.
Брисел, 19 април 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Русија сега ги фокусира своите хибридни напади врз соседна Финска, користејќи мигранти за да се обиде да ја дестабилизира таа држава.
Нордиската земја ја затвори својата источна граница во средината на декември, откако речиси 1.000 мигранти пристигнаа без виза преку нејзините гранични премини со Русија од август.
Двата соседа делат 1.340 километри граница, а Хелсинки рече дека порастот на баратели на азил е организиран од Русија, обвинение што Москва го негира.
„Од хибридниот напад што Белорусија го започна во ноември 2021 година против Летонија, Полска и Литванија, сите знаеме како Путин и неговите сојузници ги инструментализираа мигрантите да ја тестираат нашата одбрана и да се обидат да не дестабилизираат. Сега Путин се фокусира на Финска“, изкави Фон дер Лајен.
Таа говореше по средбата со финскиот премиер Петри Орпо во финскиот град Лапеенранта, околу 30 километри од руската граница, каде разговараа за тоа „што можат Финска и ЕУ да направат за да спречат инструментализирана миграција кон источната граница на Финска“, се вели во соопштението. рп/
Фото: МИА архива