• петок, 22 ноември 2024

Речиси 600 британски полицајци добиле отказ поради лошо однесување

Речиси 600 британски полицајци добиле отказ поради лошо однесување

Лондон, 5 ноември 2024 (МИА) - Речиси 600 полицајци во Англија и Велс се отпуштени за една година, до март 2024 година, покажуваат бројките објавени денеска. Во исто време, полициските началници се обидуваат да ја вратат довербата на јавноста по серијата скандали.

Отказите, кои се зголемени за 50 отсто во однос на претходната година, кога беа отпуштени 394 полицајци, вклучуваат 74 полицајци отпуштени поради сексуални престапи и недолично однесување.

Други 18 беа отпуштени поради поседување непристојни фотографии на деца, покажуваат податоците од независното јавно тело Полициски колеџ.

Најчеста причина за отказ, во 125 случаи, била нечесноста.

Уште 71 полицаец беа принудени да си заминат поради дискриминаторско однесување.

Во јануари 2023 година, Метрополитанската полиција откри дека 1.071 полицаец биле под истрага за семејно насилство и насилство врз жени и девојчиња.

Англија и Велс имаат полициски сили од 147.000. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан