• сабота, 18 мај 2024

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија

Малме, 9 мај 2024 (МИА) - Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе.
 
Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца.

Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан