Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва
- Шведската полиција денеска соопшти дека ја зголемила безбедноста околу израелскиот имот во Шведска, по пукањето претходната ноќ во близина на Израелската амбасада во центарот на Стокхолм.
Стокхолм, 17 мај 2024 (МИА) - Шведската полиција денеска соопшти дека ја зголемила безбедноста околу израелскиот имот во Шведска, по пукањето претходната ноќ во близина на Израелската амбасада во центарот на Стокхолм.
„Поради сомнително пукање во близина на Израелската амбасада во Стокхолм, полицијата презеде безбедносни мерки (за да го заштити) израелскиот и еврејскиот имот и нивните интереси низ целата земја“, се вели во соопштението.
Шведска полициска патрола рано утринава околу 02:00 часот слушнала истрели во близина на израелското дипломатско претставништво.
Полицијата ја опколи областа и рано утрината изврши серија претреси во различни населби на Стокхолм. Отворена е истрага поради тешко кршење на законот за оружје.
Неколку лица се приведени и пуштени по распит.
„Внимателно ја следиме тековната шведска истрага за пукањето пред Израелската амбасада во Стокхолм“, напиша израелскиот амбасадор во Шведска, Жив Нево Кулман на платформата Икс. рп/
Фото: МИА архива