• сабота, 27 април 2024

Промоција на поетски избор од Влада Урошевиќ на руски јазик

Промоција на поетски избор од Влада Урошевиќ на руски јазик

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е промовиран поетски избор „Јужна ѕвезда” од академик Влада Урошевиќ, објавен неодамна во Москва на руски јазик.

Како што информкра ДПМ, за книгата говореле Влада Урошевиќ, Христо Петрески, Соња Стојменска- Елзесер, Гоце Смилевски и преведувачката на изданието, Олга Панкина, а насловната песна „Јужна ѕвезда” на руски јазик ја прочитала Марија Полскаја.

-На промоцијата беше речено дека од Влада Урошевиќ на руски јазик се објавени голем број дела и дека тој е таму популарен, баран и читан автор. На крајот од свеченоста, академик Урошевиќ подвлече дека македонската литература низ овие препеви и преводи го потврдува својот идентитет, информира ДПМ. хс/ цр

Фото: ДПМ

Остани поврзан