• четврток, 26 декември 2024

Промовиран учебникот „Антидискриминационо право” на штипскиот Правен факултет

Промовиран учебникот „Антидискриминационо право” на штипскиот Правен факултет

Штип, 4 ноември 2024 (МИА) - Издавањето на публикацијата  „Антидискриминационо право” од универзитетските професори Жанета Попоска, Лазар Јовевски и Јулиус Ростас има за цел да ја подигне свеста на правото на еднаквост, но и на борбата против антидискриминацијата во работните односи и во сите останати области, истакна на денешната промоција  деканката на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Олга Кошевалиска. Таа посочува дека публикацијата е пишувана на едноставен и разбирлив начин за да биде лесно сфатлива не само за правниците, туку за целата академска јавност. Посочува дека за првпат има и поглавје кое го обработува антициганизмот.

Прашана што говори судската пракса, односно во која сфера граѓаните најмногу се чувствуваат дискриминирани, Кошевалиска одговори дека во ниту едно поле правосудниот систем не е имун на антидискриминација.

-Без разлика дали ќе станува збор за етничка припадност или политичка партија или дали ќе станува збор во работните односи, во делот на вработувањето или во текот на работниот однос, напредувањето, така имаме и во кривичната сфера дискриминирање. Ниту една сфера не ни е имуна на дискриминацијата, за жал. Меѓутоа оваа публикација помага во разбирањето на концептот, но и наоѓањето на судска пракса, којашто укажува дека некои случаи претставуваат навистина дискриминација. Иако ние очите ги држиме широко затворени за тоа да ја препознаеме како вид на дискриминација, вели Кошевалиска.

Универзитетскиот професор Ростас истакна учебникот има неколку поглавја, а за првпат во наставните програми ќе се изучува и за поимот антициганизам.

-Сакам да зборувам и за нашите пошироки заложби, а заложбите кои се прават со Европската унија, она што би било посветено на Ромите. Ваквата книга ќе претставува продлабочување на нашите заложби кога станува збор за борба против дискриминација, но и во однос на антициганозмот, вели Ростас.

Тој посочи дека нема мерен инструмент кој би можел да ја мери дискриминацијата, а се работи на проблемите коишто се видливи во нашата држава. Публикацијата  „Антидискриминационо Право” ќе се промовира утре и на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје. вдј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан