• вторник, 24 декември 2024

Проекции на филмови од кинематографиите на земјите од Вишеградската група

Проекции на филмови од кинематографиите на земјите од Вишеградската група

Скопје, 5 април 2024 (МИА) – Од денеска до 13 април во Кинотеката ќе бидат прикажани четири филма во рамки на циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“ посветен на кинематографиите на Чешка,  Полска,  Словачка и Унгарија како дел од Вишеградската група. 

Циклусот ќе почне вечер во 20 часот со проекција на чешката комедија од 2007 „Празни шишиња“ во режија на Зденек Сверак, а утре (сабота) ќе биде прикажан филмот „Студена војна“ на полскиот режисер Павел Павликовски од 2018 година.

Идните петок и сабота ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ (12 април) на словачкиот режисер Јонас Карасек, снимен минатата година, и „Плоштад Москва“ (13 април) на унгарскиот режисер Ференц Торок  од 2001 година. Сите проекции се бесплатни за посетителите. хс/лв/

Фото: Кинотека 

Остани поврзан