Општина Куманово реализира бројни проекти со поддрша на меѓународни институции и прекугранични проекти
- Општина Куманово реализираше бројни проекти со поддршка на меѓународни институции, соопштија денеска надлежните од секторот за меѓународна соработка и ЕУ-Интеграции, стратешко планирање, креирање на политики, следење и ЛЕР. Најголем процент од реализираните проекти се наменети за инфраструктура, но има и бројни проекти преку се разменуваат искуства и се поддржува граѓанскиот сектор во општината.
Куманово, 24 декември 2024 (МИА) - Општина Куманово реализираше бројни проекти со поддршка на меѓународни институции, соопштија денеска надлежните од секторот за меѓународна соработка и ЕУ-Интеграции, стратешко планирање, креирање на политики, следење и ЛЕР.
Најголем процент од реализираните проекти се наменети за инфраструктура, но има и бројни проекти преку се разменуваат искуства и се поддржува граѓанскиот сектор во општината.
- Куманово е најголема општина во државата и поради одличната местоположба имаме одлична соработка со повеќе градови со земјите од регионот. Успеваме да реализираме бројни проекти од кои бенефит имаат граѓаните на Куманово, изјави раководителот на секторот, Горан Митевски.
Преку Светска банка со поддршка на Владата се асфалтираше улицата „300“ во населбата „Ајдучка Чешма“, како и изградба на локалниот пат помеѓу селата Косматац-Мургаш-Новосељане во должина од над пет километри. Директен бенефеит имаат жителите од приградската населба и селата кои имаат одлично поврзување со останатите патни правци во општината и регионот.
- Наскоро ќе почне санацијата на улицата „Моша Пијаде“. Како општина обврска ќе биде санацијата на подземната инфраструктура. Светска банка инсистираше да ја завршиме подземна инфраструктура комплетно за да можеме да разговараме за улицата за да може да се регулира асфалтира итн. Тоа треба да биде добро решение затоа што е битна улица за градот затоа што е спој на центарно-градско подрачје со периферија многу постара улица и габаритна улица, изјави Митевски.
Општината веќе одржала неколку јавни расправи со жителите од централната градска улица. Преку Европска инвестициона банка и поддршка на ресорно министерство аплицирано е и за проект за водоснабдителниот систем на Куманово. Станува збор за средства во вредност од над милион и 300.000 евра со кои ќе се решава проблем во водоснабдителниот систем, општината исто така ќе вложи и свои средства.
Во рамки на прекугранична соработка со Бугарија ќе се реализираат проекти со кои ќе се јакнат малите и средните претпријатија во градот, додека со Србија се одвојуваат средства за развој на јавните претпријатија, како што е случајот со „Водовод“. Секторот посветува внимание и на јакнење на капацитетите на граѓанските организации преку реализација на таканаречени „мерки проекти“ преку кои кумановскиот невладини сектор се вмрежува со граѓански организации од регионот. ам/сст/
Фото МИА