• недела, 22 декември 2024

При операција, Италијанка им раскажувала на лекарите за својот живот

При операција, Италијанка им раскажувала на лекарите за својот живот

Ченто, 22 април 2024 (МИА) - На 106-годишна Италијанка успешно ѝ е вграден пејсмејкер. Уште повеќе, при операцијата, таа под локална анестезија им раскажувала на лекарите и медицинските сестри за својот живот.

Интервенцијата ја водел тимот на началникот за кардиологија во болница во гратчето Ченто, северна Италија. Според д-р Бјаџo Сасонe, пациентката Аиде Боргати била „исклучително свесна“ и во „непроменета психичка состојба“ при оперативниот зафат, пишува „Шеринг ТВ“.

- Нејзиниот жив ум, јасноста на мислата и помнењето се навистина импресивни. За време на операцијата зборувавме за почетокот на нејзиниот живот кој почнал 1918 година, при крајот на Првата светска војна. За мене тоа беше како да отворам историска книга, бидејќи сум вљубеник во италијанската историја на 20 век, изјави д-р Сасоне.

Тој додаде дека, иако претходно работел со бројни постари пациенти, оние на возраст од 106 се поретки. Боргати и д-р Сасоне се збогуваа со надеж дека ќе се видат и за 10 години, заради замена на пејсмејкерот.  си/ми/

Фото: Фејсбук-објава на „Шеринг ТВ“

Остани поврзан