• вторник, 05 ноември 2024

Приходите на Фајзер во третиот квартал се зголемија за 134 проценти

Приходите на Фајзер во третиот квартал се зголемија за 134 проценти
Вашингтон, 2 ноември 2021 (МИА) - Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека нејзините приходи пораснале за 134 отсто на годишно ниво на 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година. Приходите од вакцините на компанијата беа 14,6 милијарди американски долари во третиот квартал, што е за 749 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, кога вакцината против Ковид-19, развиена заедно со германската компанија Бионтек, се уште не беше достапна. Заработката по акција на Фајзер беше 1,42 долари, што е за 446 отсто повеќе од третиот квартал во 2020 година, додека нето приходот на компанијата се зголеми за 455 проценти на годишно ниво на 8,1 милијарди долари. ми/

Остани поврзан