• петок, 19 април 2024

Притвор за осомничен за предизвикување општа опасност во Битола

Притвор за осомничен за предизвикување општа опасност во Битола

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство во Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице. бт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан