• петок, 22 ноември 2024

Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции

Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции

Скопје, 5 октомври 2024
 
Владата ги решава проблемите на земјоделците. За само 100 дена Владата донесе крупни чекори и проекти со кои се враќа достоинството на земјоделците.

Во првите 100 дена, се реши проблемот и се исплатија заостанатите плати на 3.000 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство.

Претходната Влада ги оставила 3.000 лица и нивните семејства без животна егзистенција. Но, оваа Влада веднаш го реши проблемот и со ребалансот на Буџетот се обезбедија повеќе од 350 милиони денари за исплата на неисплатените плати.

Покрај исплата на тековни субвенции, Владата во првите 100 дена исплати 1 милијарда денари заостанати субвенции од претходната Влада на земјоделците. Исто така се донесе одлука за 100 процентно покачување на субвенциите за јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 12.000 денари.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, и да се намали зависноста од увоз. За таа цел со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, се донесе одлука да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица.

За прв пат, после 7 години, лозарите добија достоинствени цени за двете најзастапени сорти, односно производната цена на килограм грозје Вранец беше зголемена за 25% односно изнесуваше 20,8 денари за килограм, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка беше зголемена за 25% и изнесуваше 18,3 денари по килограм.

За 100 дена решивме многу проблеми. Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство.

Владата е вистински партнер на земјоделците и носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај нив.

Се обврзавме на промени и на реформи кои суштински ќе ги решат предизвиците и проблемите со кои се соочуваа земјоделците.

100 дена нова Влада, повеќе од 100 проекти и мерки.

Работиме 100% посветено за тебе!

 

Влада на РСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан