• четврток, 12 септември 2024

Приведен разбојник од струмичко

Приведен разбојник од струмичко

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го привеле Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко. Тој се сомничи дека вчера околу 20:30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и кај него се пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Г.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.са/

Фото: МИА 

Остани поврзан