• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот К.Л.(28). Претходно, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволената трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, неколку пакувања бела прашкаста материја, таблети, дигитална вага, куршуми, пари и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје, В.С.(58) од Скопје пријавил дека на 07.09.2024 во продажен објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10 септември во 10.15 часот во СВР Скопје, 45 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзината снаа Ф.Н., која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22.29 часот во СВР Скопје, И.А.(41) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Н.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.11.2023 на ул. „Христо Татарчев“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници кај пријавениот пронашле марихуана и амфетамин, кои биле подготвени за понатамошна продажба.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена грутчеста материја, марихуана и семки.

Вчера во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против З.Е.(31), од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 06.09.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Н.К.(59) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.09.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнене за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 07.01.2024, при сообраќајна контрола, пријавениот приложил возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ц.(24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.06.2024, при сообраќајна контрола, пријавениот приложил возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

На 11.09.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан немало и дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат, кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино. Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР. Се работи на расчистување на случајот.  

На 11.09.2024 во 22.24 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир го привеле Н.Ф.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.09.2024 во 17.59 во СВР Штип, Р.С.(50) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот во Штип, по претходна расправија околу паркирање на возило, бил физички нападнат од негов сосед.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Т.М.(26) од Скопје пријавила дека на 31.08.2024 околу 23.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и А.М.(24) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2024 во 01.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Н.Ј.(35) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно бил физички нападнат од Г.С., кој употребил и стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2024 околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти. Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2024 во 12.30 часот кај наплатна станица Романовце, полициски службеници од СВР Куманово пронашле едно лице мигрант од Алжир. Лицето било пренесено во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.  

На 11.09.2024 во 22.35 часот во СВР Битола, И.С.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Панде Илковски” во Битола бил каснат од куче скитник .

На 11.09.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, Б.Р.(47) од с.Средно Егри, битолско,  пријавила дека во Битола била касната од куче скитник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(47) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во домот во с.Двориште, пријавениот држел ловечка пушка со калибар 16мм и седум ловечки патрони со калибар 16мм. без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект и М.М.(38) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“. На 08.09.2020, постапувајќи по претходна пријава, на патот кој води од с.Неготино кон с.Волковија било затекнато товарно возило, сопственост на пријавениот правен субјект, а управувано од второпријавениот, кој од приколката истоварил отпаден материјал.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Скопје и против правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 27.08.2024 на наплатната станица Градско, било запрено товарно возило со полуприколка, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од пријавениот, при што било утврдено дека истиот врши транспорт, без да поседува лиценца за вршење превоз,  притоа без платен налог и соодветна документација. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан