• недела, 19 мај 2024

Приведен крадец од гостиварско за издржување затворска казна од 16 месеци

Приведен крадец од гостиварско за издржување затворска казна од 16 месеци

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Гостиварската полиција синоќа во 20.00 часот го привела 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. сст/лв/

фото МИА архива

Остани поврзан