Приведен крадец на велосипеди во Гостивар
- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 10:30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.
![Приведен крадец на велосипеди во Гостивар](https://new.mia.mk/images/20230426105043_big_730x400_41.webp )
Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 10:30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.
Како што информираат од МВР, С.Ј. се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок. дма/ац/
Фото: МИА архива