• петок, 21 јуни 2024

Над 50 волонтери досега се пријавија на повикот на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ

Над 50 волонтери досега се пријавија на повикот на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ

12 јуни 2024

Со средба со пријавените волонтери, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски ја започна својата изборна кампањата. Деспотовски при објавувањето на кандидатурата упати повик до сите кои искрено сакаат да придонесат и да се вклучат во промените и реформата на СДСМ. Волонтерите кои се на различна возраст и речиси од цела Македонија ги споделија своите идеи и се подготвени и посветени да ги поттикнат промените наведени во програмата.

„Ентузијазмот и посветеноста на нашите волонтери се навистина мотивирачки. Нивната посветеност за нашата визија и нивниот проактивен пристап се токму она што ни треба за да направиме промени за кои се залагаме. Особено охрабрува бројот на волонтерите кои до сега се одѕваа и се пријавија да ни се приклучат. Навистина е мотивирачка енергијата со која тие пристапуваат кон сите теми кои се дел од нашата програма и нивниот придонес со свои идеи. Тоа е и основата на нашата програма, Нов почеток, нов СДСМ. Овде секој глас е ценет и важен и секој член ќе има улога во обликувањето на нашата иднина. Тука место за сите кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува,“ им порача Деспотовски.

До сега на повикот се пријавија над 50 волонтери. Во најголем дел од Битола, Тетово, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Пробиштип, Карпош, Крушево, Свети Николе, Богданци и од други општини. Овој пристап е само почеток на серијата заеднички напори насочени кон градење на партија која обединува, а не фаворизира, и партија која размислува напред. Деспотовски продолжува со средби и презентација на програмата низ цела Македонија.

За повеќе информации програмата и можностите за волонтерство и предлог идеи, посетете ја   www.novpocetok.mk.  

Јован Деспотовски

СДСМ

____________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан