• недела, 19 мај 2024

Приведен крадец во Штип

Приведен крадец во Штип

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера во Штип го лишиле од слобода штипјанецот М.К.(31) од Штип.

-Тој бил фатен при вршење кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип. Лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.

За случајот бил запознат јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан