• сабота, 28 септември 2024

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера го привеле охриѓанецот С.П.(41). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа од МВР, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Остани поврзан