• петок, 10 мај 2024

Приведен богданчанец поради сомнеж за извршено разбојништво

Приведен богданчанец поради сомнеж за извршено разбојништво
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Полициски службеници денеска во 06:20 часот во Богданци го лишиле од слобода богданчанецот А.Г. (49), кој се сомничи дека во 00:35 часот во казино во ова населено место со закана кон вработена одзел пари од касата. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при извршен претрес во неговиот дом врз основа на наредба од Основниот суд - Гевгелија, биле пронајдени пари во вкупен износ од 65.000 денари и други предмети поврзани со кривичното дело. - Лицето е приведено и задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член  238 став 1 од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, наведено е во соопштението на МВР. свс/сп/

Остани поврзан