• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште вчера во 3:00 часот е лишен од слобода, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје вчера во 18:55 часот било пријавено дека во село Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

З.К.(75) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавил дека на 03.05.2024 околу 10:00 часот, на паркинг простор на улицата „Радишанска“ во Скопје, бил удрен од патничко возило „опел корса“, по што возачот го напуштил местото. Според пријавеното, на 07.05.2024 тој отишол на преглед во Градската општа болница „Св. Наум Oхридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Р.Х.(25) од Скопје синоќа во 0:40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 0:20 часот на подрачјето на Гази Баба, поради претходно меѓусебно нетрпение и нерасчистени имотно - правни односи била физички нападната од Б.И.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

А.М.(43) од село Долно Свиларе, скопско, завчера во 18:20 часот во СВР Скопје пријавил дека во селото тој, неговиот малолетен син, неговиот брат М.М. и А.Ш. биле физички нападнати од Б.М., Р.М. и А.М., сите од село Долно Свиларе, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во 8:10 часот, на магистралниот пат Ќафасан - Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.

Ф.Х.(44) од Скопје вчера во 13:37 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 13:00 часот, нејзиниот малолетен син, кој работел како чирак во берберница на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од сопственикот на берберницата М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.М.(36) од Скопје вчера во 16:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 06.05.2024  околу 14:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Н.В.(40) од Скопје вчера во 22:10 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 20:00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Д.Р.(60) од Кичево вчера во 16:30 часот во надлежната полициска станица пријави дека на локален пат во кичевското село Вранештица бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Г.С.(49) од кичевското село Староец пријави дека на улицата „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан