• среда, 03 јули 2024

Приведени 11 лица, претреси во Битола, пронајдена дрога, оружје, пари...

Приведени 11 лица, претреси во Битола, пронајдена дрога, оружје, пари...

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Криминалистичката полиција на СВР Битола денеска привела 11 лица, по извршени 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ.

- На подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола денеска во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот извршила 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра, информираа од МВР.

При тоа, информираат од МВР, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31), сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/ац/

Фото: МВР

 

 

 

Остани поврзан