• петок, 22 ноември 2024

Приведени крадци во Битола

Приведени крадци во Битола

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Во напуштен објект на ул.„Илија Николовски Луј“ во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола, информираа денеска од МВР.

- Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај спортската сала во Битола, соопшти МВР.

Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан