• вторник, 05 ноември 2024

Приведени крадци во Битола

Приведени крадци во Битола

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР. ир

Остани поврзан