• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски на дискусија во МТСП за системот за финансирање на дејноста за заштита на деца со средства од блок-дотации

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски на дискусија во МТСП за системот за финансирање на дејноста за заштита на деца со средства од блок-дотации

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - ​Градоначалникотна општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на презентација и дискусија за системот за финансирање на дејноста за заштита на деца со средства од блок дотации, организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, информираат од Општина Кисела Вода.

На средбата, на која покрај заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски присуствувале и други претставници на ЗЕЛС, на Министерството и од Светска Банка, биле отворени повеќе значајни теми во насока на усвојување на методологијата за креирање на буџет за фискалната 2025 година.

-Денеска присуствував на значајна средба која ја иницираше Министерството за труд и социјална политика. Со заменик министерот Ѓоко Велковски, но и со други мои колеги претставници од ЗЕЛС и претставници од Светска Банка, заеднички дискутиравме на повеќе теми кои треба да бидат база за воведување на нов поефикасен систем за распределба на средства за финансирање на дејноста. Во фокусот на нашите разговори покрај висината на блок дотациите, беше и проблемот со чекање на нови согласности за вработувања, како и полагањето за добивање на лиценци, како би можело да се овозможи поголема ефикасност на целокупниот систем, истакнал Ѓорѓиевски.

Предложената методологија, која верува, ќе ги содржи нивните забелешки, ќе биде доставена до управниот одбор на ЗЕЛС, но и до сите општини со цел тие да е произнесат и креирањето на Буџетот за 2025 за оваа дејност да биде точно по мерка на граѓаните и нивните потреби. сст/аа/

Фото: МТСП

Остани поврзан