• четврток, 05 септември 2024

Претседателот на Египет во посета на Турција

Претседателот на Египет во посета на Турција

Анкара, 4 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси денеска ќе ја посети Турција, при што е предвидено потпишување на околу 20 договори за соработка во одбраната, енергетиката, туризмот, здравството, образованието и културата.

Планирана е средба на високо ниво на Советот за стратешка соработка помеѓу Турција и Египет на која Сиси ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Предвидено е да се разговара за повеќе прашања, меѓу кои трговските односи меѓу двете страни, како и ситуацијата во Појасот Газа.

Посетата на Сиси уследи по посетата на Ердоган на Египет во февруари. Тоа беше прва посета по 12 години, чиј фокус беше обновата на Појасот Газа. Анкара е решена да ги зајакне контактите со Каиро во име на напорите за воспоставување мир на границите. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан