• петок, 06 септември 2024

Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер

Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер

Париз, 5 септември 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер.

Макрон побара од Барние, поранешниот преговарач на ЕУ за Брегзит, да „формира влада на национално единство во служба на земјата“, јавуваат француските медиуми.

Макрон пред именувањето се погрижи Барние целосно да ги исполни условите за стабилност и национално единство, пренесува „Паризијен“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан