• сабота, 07 септември 2024

Кирби: Мислењето дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите ATAЦМС е „погрешно“

Кирби: Мислењето дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите ATAЦМС е „погрешно“

Вашингтон, 5 септември 2024 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби денеска ги негираше наводите дека Украина со помош на ракетите ATAЦМС може да уништи руски воени авиони кои се користат во нападите на украинска територија, а се наоѓаат во бази на територијата на Русија.

„Мислам дека е важно да се забележи дека 90 отсто од авионите што Русија ги користи за клизни бомби и напади со долг дострел лежат надвор (областа од) 300 километри од украинската граница, длабоко во руска територија“, рече Кирби на брифинг.

Тој појасни дека мислењето дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите ATAЦМС е „погрешно“, пренесува „Гласот на Америка“.

Тој, исто така, истакна дека САД не ја промениле својата одлука да не му дозволат на Киев да користи американско оружје за далечни напади на руска територија, додавајќи дека Вашингтон продолжува да работи на зајакнување на одбраната на украинскиот воздушен простор. Портпаролот оцени дека одбранбената способност на Украина е клучна за зачувување на енергетската инфраструктура во зимските месеци. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан