• среда, 15 јануари 2025

Сибиха му се заблагодари за честитката на Муцунски

Сибиха му се заблагодари за честитката на Муцунски

Киев, 7 септември 2024 (МИА) – Новиот министер за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха му се заблагодари на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за честитките за неговото именување.

„Благодарам, министре за надворешни работи Тимчо Муцунски за вашите љубезни честитки и за постојаната поддршка што Северна Македонија и ја покажува на Украина. Вашата солидарност и посветеност на нашиот суверенитет и слобода е навистина важна, особено во овие тешки времиња“, напиша Сибиха на Х.

Муцунски претходно му упати искрени честитки на Сибиха за неговото назначување за нов министер за надворешни работи на Украина.

„Со нетрпение очекувам да ги зајакнеме нашите билатерални врски и соработката во различни сектори, и да продолжиме со нашата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзиниот пат кон обезбедување мир, безбедност и просперитет“, се вели во честитката на Муцунски. јт/

Остани поврзан