• недела, 19 мај 2024

Премиерот очекува поддршка во Собранието за законите за коридорите, опозицијата останува на ставот да не гласа

Премиерот очекува поддршка во Собранието за законите за коридорите, опозицијата останува на ставот да не гласа

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Собраниската расправа за пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д кои треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ е завршена. Останува само да се гласа по нив. За денеска во Собранието најавена е само седница за пратенички прашања и засега нема информации кога би се одржала седницата на која би се гласало за овие закони.

Премиерот Димитар Ковачевски очекува поддршка во Собранието за пакетот закони, додека опозицијата најавува дека нема да гласа затоа што, според нив, договорот се држи во тајност, се злоупотребува европското знаменце и дел од законите се спротивни на човековите права и се против одлуката на Уставниот суд за работните часови. 

Според премиерот, со пакетот закони ќе се овозможи брза, навремена, ефикасна и поевтина изградба на автопатските делници. 

- Нашите граѓани заслужуваат патишта по кои ќе возат брзо, сигурно и кои ќе овозможат регионален развој на сите градови на потегот на Коридорот 8 и Коридорот 10д. Коридорот 8 го поврзува Тетово со албанската граница, а Коридорот 10д - Прилеп и Битола, каде на граѓаните им беше ветуван автопат што не беше направен никогаш во наредните пет години ќе биде изграден, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на пуштањето на обновениот магистрален пат Куманово-Страцин. 

Ковачевски тврди дека договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ е доставен до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и до вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, кои се вклучени во овој проект.  Испратено е и писмо до Собранието за презентација на Договорот на соодветна Комисија на барање на пратениците од опозицијата со безбедносен сертификат, но, како што посочи Ковачевски, Собранието тоа се уште го нема побарано.

- Во моментот кога ќе го побараат, тогаш тоа ќе биде направено, рече Ковачевски.

Опозицијата, пак, останува на ставот дека нема да поддржат законско решение кое се коси со одлуката на Уставниот суд за работните часови и за кое договорот се чува во тајност што, според нив, отвара сомнеж за криминал.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вчера објави дека државата ќе треба да плати дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години.

- Со мене го носам еден од најсомнителните делови на договорот каде што вели дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и Владата, коi што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите. Oва се најмалку четири спецификации што значи дека најмалку пет вакви лица би имало ангажирано. Иако бројот е недефиниран, што значи дека може да се и 15 и 20 и 50 лица. Месечната плата ќе биде ни помалку, ни повеќе 36.500 евра, рече Николоски на гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски попладнево, повикувајќи се на делови од договорот за изградба на коридорите, изјави дека ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за

Откако на Антикорупциската комисија  и беше доставен Договорот, што оваа институција го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори по објавите за изборот на надзорот за проектот, вчера претседателката на Антикорупциската Билјана Ивановска објави дека договорот што им е доставен не е целосен и оти недостигаат прилозите. Договорот што им е доставен, како што информираше, има околу 200 страници.

- Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска во телевизиско гостување.

Најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.

- Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска.

Моќта на службените лица во вонредна состојба се зголемува, а поради тоа се зголемуваат и ризиците од намерни грешки, но Кривичниот законик во ниеден случај, ниту во услови на вонредна состој

Пакетот законски измени за кои треба да се гласа во Собранието се однесуваат на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање, како и измените на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка. бак/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан