• понеделник, 20 мај 2024

Премиерот на Непал бара вонредни избори поради раскол во неговата партија

Премиерот на Непал бара вонредни избори поради раскол во неговата партија
Катманду, 5 февруари 2021 (МИА) - Премиерот на Непал, Кадга Прасад Шарма Оли денеска се обрати на илјадниците приврзаници во главниот град на Непал, Катманду, ден откако лидерите на спротивставените партиски фракции повикаа на национален штрајк, со цел да се спротивстават, според нив, на неуставниот потег на премиерот да бара нови избори насред економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19. - Премиерот има законско право да го распушти Парламентот, истакна Оли пред приврзаниците. Оли денеска се обрати на илјадниците приврзаници во главниот град на Непал, Катманду, ден откако лидерите на спротивставените партиски фракции повикаа на национален штрајк, со цел да се спротивстават, според нив, на неуставниот потег на премиерот да бара нови избори насред економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Премиерот има законско право да го распушти Парламентот, истакна Оли пред приврзаниците. Оли (68), кој речиси секојдневно се соочува со протести од политичките противници и групите за заштита на човековите права, истакна дека бил принуден на тешка одлука бидејќи партиските колеги одбивале да соработуваат со него. Политичката криза во Непал почна на 20 декември минатата година кога Оли изјави дека не може да соработува со ривалите во неговата Непалска комунистичка партија (НЦП), го распушти Парламентот и побара одржување на вонредни избори, две години пред истекот на мандатот. Врховниот суд на Непал разгледува повеќе од десетина претставки со кои се оспорува потегот на Оли, а пресудата се очекува до крајот на месецот. Ако Врховниот суд јаоспори одлуката на премиерот, Непалците же гласаат во две фази на 30 април и на 10 мај. ми/

Остани поврзан