• петок, 22 ноември 2024

Две лица загинаа во напад со нож во основно училиште во Кина

Две лица загинаа во напад со нож во основно училиште во Кина

Пекинг, 20 мај 2024 (МИА) - Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во јужна Кина, соопшти полицијата.

Не е соопштено дали меѓу жртвите има и деца.

Нападот се случил во училиште во градот Гуиси, во провинцијата Џиангси, јави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека нападот со кујнски нож го извршила 45-годишна жена. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан