• недела, 21 јули 2024

Премиерот Ковачевски се сретна со косовскиот амбасадор Ќехаја

Премиерот Ковачевски се сретна со косовскиот амбасадор Ќехаја
Скопје, 29 август 2022 (МИА) -  Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава. На состанокот е констатирано дека Северна Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања, соопшти владината прес-служба. Во соопштението се наведува дека заеднички е оценето дека определеноста и на Северна Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион. Во таа насока, како што стои, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион. На средбата се поздравени напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата. На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката. Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Северна Македонија и Косово во текот на 2022 година, се наведува во соопштението од Владата. ев/лв/  

Остани поврзан