• недела, 24 ноември 2024

Преку „Wine vision by Open Balkan“ ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна

Преку „Wine vision by Open Balkan“ ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна, соопшти МЗШВ.

Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, шест изложувачи на храна и ресторан со тројца готвачи.

Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.

Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.

Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна. Квалитетното македонско вино и храна заслужуваат посебно место во регионот, се наведува во соопштението од МЗШВ.са/

Фото: МЗШВ

 

Остани поврзан