• понеделник, 01 јули 2024

Преку 850.000 Американци аплицирале за надомест за невработени

Преку 850.000 Американци аплицирале за надомест за невработени
Њујорк,10 декември 2020 (МИА) - Бројот на неделни апликации од невработени Американци кои првпат аплицираат за државни бенефиции нагло скокна минатата недела на вкупно 853.000, што е далеку над ревидираните 716.000 пријави поднесени претходната недела, соопшти денеска Министерството за труд на САД. Економистите анкетирани од компанијата „Дау Џонс“ предвидоа дека 730.000 луѓе ќе аплицираат за помош, пренесува Си-Ен-Би-Ес. Ова е најголем вкупен неделен број на барања за нови невработени од 19 септември и ја илустрира неодамнешната тешка состојба на пазарот на трудот предизвикана од зголемувањето на случаите на коронавирус, што ги наведе локалните самоуправи и некои федерални влади повторно да воведат ограничувања на одредени активности. Бројот на невработени кои веќе ја примаат оваа помош и бараат трајни бенефиции, исто така, се зголеми за 230.000, на 5,76 милиони, прво зголемување од крајот на август.  паг/

Остани поврзан