Прекини со водоснабдување на повеќе улици во скопско
- Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „Воин Драшкоци“ 8, денеска прекинато водоснабдување од 10 часот имаат корисниците на дел од ул.„Воин Драшкоци“, дел од „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.
Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „Воин Драшкоци“ 8, денеска прекинато водоснабдување од 10 часот имаат корисниците на дел од ул.„Воин Драшкоци“, дел од „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.
Воедно известуваат дека поради дефект на затворач на ул. 20/бб Сарај , прекинато водоснабдување од 10 часот имаат корисниците на дел од Сарај , Глумово, Долна Матка, Горна Матка и Шишево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот. ад/дма/
Фото: МИА архива