• четврток, 01 август 2024

Прекинат сообраќајот на аеродромот во Лајпциг заради упад на климатски активисти

Прекинат сообраќајот на аеродромот во Лајпциг заради упад на климатски активисти

Лајпциг, 1 август 2024 (МИА) - Германскиот аеродром Лајпциг-Хале привремено ги прекина летовите откако климатските активисти по полноќ упаднаа на аеродромот како дел од протестната кампања додека пратениците бараат построги казни и подобрување на безбедносните мерки на аеродромот.

Авиосообраќајот на тој аеродром во источна Германија бил во прекин три часа, што влијаело на товарниот сообраќај, се наведува во соопштението на аеродромот. Летовите продолжиле во 01:23 часот по локално време.

Активистите од групата „Последна генерација“ рекоа дека влегле на аеродромот нешто по полноќ, без да прецизираат како, за да ја повикаат германската Влада да продолжи со глобалниот договор за транзиција од нафта, гас и јаглен до 2030 година.

Групата именуваше неколку земји низ Европа и Северна Америка каде што рече дека слични нарушувања биле планирани како дел од кампањата на протести што започна минатиот месец. Минатата недела, нивните акции принудија два аеродроми во Германија привремено да го прекинат воздушниот сообраќај.

Германските политичари повикаа на подобра безбедност на аеродромите во земјата, откако климатски активисти успеаја да ги пробијат оградите и почнаа да го попречуваат воздушниот сообраќај, вклучително и на најпрометниот аеродром во земјата, Франкфурт, два дена по ред минатата недела. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан