Предаден во употреба реконструираниот Дом на културата во Василево
- Во Василево денеска е предаден во употреба реконструираниот Дом на културата „Илинден“, изграден во 1958 година преку самопридонес на жителите од ова населено место и со сопствена работна сила.
Василево, 14 март 2024 (МИА) - Во Василево денеска е предаден во употреба реконструираниот Дом на културата „Илинден“, изграден во 1958 година преку самопридонес на жителите од ова населено место и со сопствена работна сила.
Според градоначалникот Славе Андонов,со реконструкцијата на Домот на културата покрај простор за организирање културни настани и Општината добива свои простории.
- Општината добива пет нови канцеларии, една сала за состаноци и една сала за различни културни манифестации и една галерија за прв пат. Вкупната вредност на објектот е околу 14 милиони денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој и дел од буџетот на Општина Василево, рече Андонов.
Реконструкцијата на Домот почна во август 2021 година и по подолг прекин повторно продолжи лани за да заврши оваа година.
Предавањето во употреба на новиот Дом на културата го поздрави и потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски, кој присуствуваше на настанот. рт/цр
Фото: МИА