• недела, 30 јуни 2024

Прв случај на Ковид-19 во Монголија

Прв случај на Ковид-19 во Монголија
Уланбатар, 10 март 2020 (МИА) – Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации. Во соопштението се вели дека се работи за 57-годишен маж, кој патувал од Монголија во Франција, со преседнување во Москва. Монголските валти идентификувале 42 лица со кои пациентот се сретнал и уште 120 со кои имал близок контакт. Монголија ги прекина сите локални патувања во провинцијата Дорногови каде што работи пациентот. јт/

Остани поврзан