• недела, 28 април 2024

Прво Грен слем финале за Арина Сабаленка

Прво Грен слем финале за Арина Сабаленка

Мелбурн, 26 јануари 2023 (МИА) – Тенисерката од Белорусија, Арина Сабаленка попладнево ја победи Магда Линет од Полска со 7:6 и 6:2 во второто полуфинале на женскиот дел од Австралија опен.

За Сабаленка саботното финале на Австралија Опен ќе биде прво на еден Грен слем турнир.

Воедно, финалето во Мелбурн ќе биде 20-то нејзино финале на турнири под покровителство на ВТА.

Досега Сабаленка има 11 трофеи на ВТА турнирите во поединечна конкуренција.

По настапот во Мелбурн таа ќе се врати во втората позиција на светската ранг-листа.

За титулата Сабаленка в сабот од 9:30 часот ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан. зс/

Остани поврзан