• понеделник, 20 мај 2024

Првиот час во училиштата во Црна Гора денеска беше посветен на проблемите со врсничкото насилство

Првиот час во училиштата во Црна Гора денеска беше посветен на проблемите со врсничкото насилство

Подгорица, 5 мај 2023 (МИА) - Во сите основни и средни училишта во Црна Гора денеска првиот час беше посветен на превенција од насилство во училиштата.

Министерот за образование Миомир Воиновиќ рече дека во првиот час ќе се афирмираат вредности како љубовта, соработката и заедништвото.

Воиновиќ на прес-конференција рече дека директорите ќе бидат максимално посветени на ова и дека ќе се подобри работата на тимовите за спречување насилство во училиштата.

Во Црна Гора вчера почна да работи дигитална платформа на која 24/7 може да се регистрираат сите форми на насилство во училиштата. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан