• понеделник, 20 мај 2024

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Белград, 10 мај 2024 (МИА) - Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции. зш/

Остани поврзан