• петок, 22 ноември 2024

Бајден и Блинкен со остри осуди на одлуката на МКС за налог за апсење на лидери на Израел

Бајден и Блинкен со остри осуди на одлуката на МКС за налог за апсење на лидери на Израел

Вашингтон 20 мај 2024 (МИА) - Американскиот врв денеска излезе со остра осуда на одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на високи службени лица на Израел.

Државениот секретар Ентони Блинкен ја стави под знак прашање „легитимноста и кредибилтетот на истрагата“ на МКС и оценувајќи ја како „срамна“ ја отфрли одлуката соопштена денеска од главниот обвинител на МКС Карим Хан дека побарал налог за апсење на високи службени лица на Израел, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

-Ја отфрламе обвинителовата еквиваленција на Израел со Хамас. Тоа е срамно. Хамас е брутална терористичка организација која го изведе најлошиот масакр врз Евреите по Холокаустот и се уште држи десетици невини луѓе како заложници, вклучително и Американци, соопшти Блинкен во изјава.

-Финдаментално, одлуката не прави ништо да помогне и може само да ги загрози тековните напори за постигање прекин на огнот што може да ги ослободи заложниците и да ја зголеми хуманитарната помош, цели по кои САД продолжуваат беспоштедно да се стремат, рече Блинкен.

Претходно и претседателот на САД Џо Бајден остро ја осуди одлуката на обвинителите на МКС како  „скандалозна“ .

-Да бидам јасен, на што и да имплицира обвинителот, нема еквивалентност – никаква – помеѓу Израел и хамас, напиша претседателот. Додаде дека „секогаш ќе стоиме со Израел против закантите по неговата безбедност“.

МКС денеска побара налози за апсење поради наводни воени злосторства за лидерите на Хамас, но и на Израел.  кб/ссм/

фото: архива

Остани поврзан