• недела, 22 декември 2024

По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите

По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите

Атина, 23 јули 2024 (МИА) – Особено високи температури биле регистрирани вчера во Грција што е петнаесетти ден по ред од топлотниот бран што ја зафати земјата со максималните температури од речиси 42 степени Целзиусови, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, додека пак од денеска се најавува пад на температурите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, најтопли области биле Тесалија, централна Грција и југоисточниот дел на Пелопонез.

Највисока била температурата во Стилида во централна Грција (41,9 степени), додека пак 189 од 513 активни метеоролошки станици во земјата регистрирале темература од над 37 степени, а во 13 станици температурата била над 40 степени. ср/

Остани поврзан