Почнува исплатата на септемвриските пензии зголемени за 5,3 проценти
Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Од денеска почнува исплатата на септемвриските пензии. Пензионерите ќе земат пензии повисоки за 5,3 проценти согласно методологијата за раст на пензиите.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека ова е второ усогласување на пензиите оваа година.
- Во месец март беше зголемена за 8.4 проценти и заедно со 5.3 проценти во септември, изнесува вкупно 13.7 проценти. Со исплатата на пензијата за месец август се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот, се вели о соопштението.
Во изминатиот период, дел од пензионерите излегоа на протести барајќи линеарно зголемување на пензиите.
Од страна на Министерството за труд и социјална политика беше формирана работна група која треба да изнајде начин за решавање на нивните барања. бак/лв/
Фото: МИА архива