• петок, 28 јуни 2024

Почна изградбата на паркинг простор во дебарското село Горно Косоврасти

Почна изградбата на паркинг простор во дебарското село Горно Косоврасти

Дебар, 15 мај 2024 (МИА) - Дебарското село Горно Косоврасти, во кое живеат над илјада жители, ќе го добие првиот паркинг простор.

-Во рамки на залагањата на Oпштината за создавање потребни услови во сите населени места, почнавме со реализација на проектот за изградба на паркинг простор во селото. Ова беше неопходно, посебно во летниот период кога во родното место доаѓаат иселениците и фреквенцијата на возила се зголемува, рече за МИА градоначалникот Хекуран Дука. Toj додаде дека овој значаен проект за жителите се реализира со финансиски средства од Бирото за регионален развој со кофинансирање од општинскиот буџет.

-Вкупната финансиска конструкција изнесува над  7,1милион денари без ДДВ. Од нив 5,5 милиони се од Бирото, додека останатиот дел од општината. Благодарност до сите оние кои се обврзаа овој важен проект да се реализира за жителите на овој крај и од денес станува реалност, посочи Дука.

Се гради на земјиште во државна сопственост, а ќе опфаќа површина од 270 квадратни метри.

Дука најави дека Општина Дебар ќе продолжи да подготвува проекти и ќе вложува напори  во соработка со централната власт и други институции,  за обезбедување средства за нивна реализација, со цел обезбедување на потребните инфраструктурни и други услови. вт/бт/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан